Седум другарки си купиле куќа за да живеат заедно кога ќе остарат

Седум пријателки од Кина неколку години се договарале да живеат заедно кога ќе остарат, ама решиле дека не треба да чекаат 30 години за тоа и неодамна купиле заедничка куќа. За кинеските медиуми, девојките рекле дека се познаваат повеќе од 20 години, а куќата во која живеат сега, ама и откога ќе се пензионираат била единственото решение за да бидат постојано заедно.

Куќата, која се наоѓа во близина на градот Гванжу, ги чинела околу 580.000 долари. Таа е модерна, на три ката, со заеднички стамбен простор во приземјето и приватни спални соби на спрат. Жените си ги поделиле обврските, па едната готви, друга се занимава со традиционална кинеска медицина, трета со градинарство.

„Сето ова е за пред време да се подготвиме за пензионерските денови“, рекле тие.

Scroll to Top