Босанскиот бизнисмен Дамир Фазлиќ, чие семејство живее и работи во Вашингтон, имал можност за викенд да одигра приватна голф партија со американскиот претседател Доналд Трамп.
Средбата се одиграла на голф теренот на Доналд Трамп во Вашингтон. На турнирот присуствувале и синовите на Дамир, постариот Харис и седумгодишниот Дино.
Playing a round of golf at #TrumpInternationalDC #POTUS #Trump #MAGA pic.twitter.com/I0buMJfF4Q
— Damir Fazlic (@FazlicDamir) 26 May 2018
Помладиот Дино, благодарение на неговиот татко, имал можност да се запознае со многу светски фаци, па во текот на средбата со Трамп, ја покажал познатата детска непосредност.
Поточно, го прашал Доналд Трамп, дали сака да му раскаже виц, кој го слушнал за американскиот претседател.
Трамп се согласил, а малиот Дино почнал да го раскажува вицот за Трамп и Твитер.
Трамп слатко се насмеал и се фотографирал со Дино, кој живее и учи во Вашингтон, но секое лето ги посетува своите роднини во Босна и Херцеговина.