Денес ќе се одржи Маршот на црвените чадори, по повод Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници, во организација на сексуалните работници, здружени во СТАР – Прв колектив на сексуални работници на Балканот и нашите поддржувачи ХОПС – Опции.
„Црвената е боја на убавината, а чадорот е глобален симбол на сексуалната работа кој ја симболизира заштитата од надворешни влијанија“, велат организаторите на настанот.
Маршот традиционално ќе се одржи во Скопје на 17.12.2021 (петок) со почеток од 12 часот, ќе започне од пред платото на спомен-куќата на Мајка Тереза на ул. Македонија, а ќе заврши на плоштадот „Филип II“.