Семејството Бајрам не се откажа од собири, ама синот повика да се носат маски на погребната поворка

Габриел, синот на починатиот политичар Амди Бајрам, утринава преку „Фесјбук“ им упати апел на сите што ќе дојдат денес на погребната поворка на неговиот татко, да носат маски, да држат дистанца и да ги почитуваат мерките за заштита од корона што ги пропишува Министерството за здравство за да не се оцрни ромската нација. Семејството не се откажа од масовниот собир, и покрај препораките на надлежните да се избегнат погребните ритуали.

„Почитувани пријатели, поворката до вечното почивалиште на мојот татко Амди Бајрам ќе тргне во 14.00 часот од нашата семејна куќа во Бутел. Согласно препораките Ве молам сите кои ќе бидат дел од поворката да држат соодветна социјална дистанца и задолжително да носат маски.

Со почитувањето на овие препораки ќе покажеме почит кон нашиот великан и татко и нема да оставиме можност овој тажен ден за семејството и ромската нација да биде оцрнет. Ви благодарам за разбирањето“, напиша Габриел Бајрам на Фејсбук.

За потсетување, Амди Бајрам почина вчера на 64 години од проблеми со срцето, а постхумно беше утврдено и дека има корона. Тој пред две недели беше во Истанбул, каде правеше голема свадба на неговата внука со околу 600 гости, а 200 од нив беа од Македонија.

Почина Амди Бајрам

Scroll to Top