Компанијата „Зегин“ како општествено најодговорна на овие простори целосно ја опреми и ја пушти во употреба сензорната соба во Посебното основно училиште со домско сместување за ученици со лесна и умерена психичка попреченост „Свети Климент Охридски“ во Ново Село и ѝ овозможи на најранливата категорија деца да се вклучат во процесот на учење, а со тоа да ги зближи и на некој начин да им ги намали тешкотиите. Собата е во целосна донација на компанијата „Зегин“, а целокупниот инвентар и сите потребни работи за собата да биде комплетна од ваков вид се опремени од реномиран германски прозводител.
И не застануваме тука, во нашата проекција е како компанија свесна за проблемите на социјално најранливите групи, а и по повод јубилејот што наближува, 30 години од постоењето на компанијата „Зегин“, и понатаму средствата наменети за разни прослави (јубилеи, за Нова година, прослави по разни поводи) да ги донираме на институции во кои престојуваат лица со пречки во развојот, со што ќе им овозможиме полесна инкузија во општеството. Тоа е одговорност како на државата, на компаниите со развиен систем и поставеност за ваков тип проблеми, така и на поединецот воопшто.
Сензорната соба или контролираната мултисензорна стимулација потекнува од Холандија во 70-тите години со цел да се докаже дека околината влијае на однесувањето. Сензорната соба е недирективна терапија која влијае на основните сетила за вид, слух, допир и за мирис.
Сензорната соба се користи кај аутизам, растројства во развојот, деменција, повреди на мозокот, како и за мали деца. Благодатите од неа се користат во училишта, градинки, дневни центри, психијатриски институции и центри за рехабилитација. Се користи како педагошка и терапевтска мерка. Овие соби се посебно дизајнирани да предизвикуваат кај луѓето одмор, мир, добросостојба, задоволство и радост.