Сер Алекс Фергусон имал мозочен удар

Пензионираниот менаџер на Манчестер Јунајтед, сер Алекс Фергусон вечерва бил опериран откако синоќа доживеал мозочен удар. Лекарите велат дека првите резултати се позитивни и се очекува 76-годишниот фудбалски експерт да се опорави.

„Операцијата помина добро, но на Алекс му е потребен период на интензивна нега за целосно да заздрави“, се вели во соопштението по операцијата.

Фергусон претходно немал вакви здравствени проблеми, но докторите се надеваат дека нема да има поголеми последици.

Scroll to Top