Серијата „Зоки Поки“ ќе се емитува од следниот месец

Долгоочекуваната ТВ серија „Зоки Поки“ ќе почне со емитување на 4 мај на Македонската радио телевизија. Серијата ќе има десет епизоди, а во главната улога ќе биде Матеј Настевски, кој ја толкува улогата на Зоки Поки.

Играат и Анастасија Аневска која ја глуми Лидија, Матео Матоски како Боки и Матеј Зимбаков кој го глуми Гоки.

Освен децата актери, во серијата се појавуваат и глумците Сашко Коцев и Даниела Иваноска, кои ги играат родителите на Зоки, како и Сабина Ајрула-Тозија, која ќе ја глуми неговата баба.
Режисери на серијата се Александар Поповски и Марија Апчевска. Сценаријата за серијата ги пишуваа Сашо Кокаланов и Билјана Црвенковска.
ТВ-серијата „Зоки Поки“ е модерна екранизација на култната детска книга на Оливера Николова. Десетте епизоди од првата сезона обработуваат внимателно одбрани теми и приказни од книгата со која имаат израснато многу генерации.

Scroll to Top