Шест бебиња за мајката која со години имаше спонтани абортуси

Кортни и Ерик Волдроп имале желба да основаат големо семејство, но по раѓањето на првото дете, таа имала неколку спонтани абортуси. За да си ја исполнат желбата , тие побарале медицинска помош. Третманите резултирале со бременост и раѓањето на две близначиња пред шест години.

На почетокот на минатата година, парот започнал да се обидува да добие уште едно детенце, но бременоста завршила со спонтан абортус. „Бев скршена од тага, затоа што лесно можам да забременам, но не можам да ги задржам докрај“ – раскажала таа.

По консултација со доктор, таа започнала да прима лекови, но во мала доза, со цел да бидат намалени шансите да се развијат повеќе од два фетуси. Кортни успеала повторно да забремени, а на првиот преглед ја добилa веста дека таа носи шест бебиња.

Шестка

Докторите потенцирале дека станува збор за многу ризична бременост и им препорачале да го редуцираат бројот на фетуси, но тие одбиле.

Кортни се породила со царски рез и за среќа, сите бебиња (три момчиња и три девојчиња) преживеале и напредуваат добро.

Големото семејство направило фотосесија за која бебињата биле облечени во различни бои за да го симболизираат виножитото.

Scroll to Top