Што ги прави посебни мажите Риби?

Чувствителни, љубезни и внимателни кон жените – вака може да се опишат мажите родени во знакот риби. Ова се неколку добри причини да се заљубите во нив.

Визионер во љубовта

Мажот риби се раководи од вроден креативен импулс, поткрепен токму од способноста лесно да создава убава реалност. Во љубовта, својата сакана и нејзините потреби ги става секогаш во преден план, што го прави совршен партнер.

Интуитивен е

Овој знак има високо развиена интуиција и поседува „шесто сетило“. Интуицијата е неговата силна страна кога се работи за впуштање во некоја бизнис активност или се работи за некоја личност.

Тој е добар слушател

Секоја жена знае колку е важно партнерот да биде добар слушател во врската. Мажот риби најверојатно е знакот кој најмногу од сите може да се пофали со оваа карактеристика.

Човек со широки погледи

Мажот риби има каприциозен и хумористичен карактер. Меѓу неговите најдобри врендости е способноста да ги гледа нештата подлабоко и пошироко. Благодарение на неговата имагинација која му дава енергија, тој секогаш се докажува како личност отворена за нови работи.

Чувствителен е

Овој знак има способност да ги разбере и сфати и најситтните работи, како во секојдневниот живот така и во односите со другите. Понекогаш смирен и мистериозен, мажот риби секогаш знае како да допре до вашето срце.

Тој е романтичен

Мажот риби е романтичен интелектуалец кој живее повеќе на емотивно и разумно ниво отколку на сексуално ниво. Тој претставува идеален тип на човек со кој ќе имате големо пријателство во склоп на „духовниот брак“ (но не во платонска смисла).

Вљубеник во уметноста

Литература, поезија, сликарство, но пред сè музика! Мажот риби има силен уметнички дух и често и самиот е музичар или свири на некој инструмент. Тој е човек кој знае како да ја маѓепса жената посветувајќи ѝ некое музичко дело, парче поезија или едноставно да ја однесе на некој концерт.

Има разбирање за женската опсесија за убавина

Мажот риби е фасциниран од убавата и средена жена, која знае како да се облече и нашминка и да изгледа едноставно и елегантно.

Тој е внимателен љубовник

Мажите во овој знак многу добро знаат што сакаат и што им се допаѓа на жените, па затоа знаат како да ја шармираат жената со својата елегантна машкост.

Познат личности во знакот риби: Адам Левин, Алесандро Гасман, Бенисио дел Торо, Крис Мартин, Даниел Крег, Хавиер Бардем, Тицијано Феро.

Scroll to Top