Илјадници блогери секојдневно раскажуваат за тоа како им се променил животот откако престанале да јадат намирници кои во себе содржат брашно. Имено, резултатите се вчудовидувачки, а дел од нив се: разубавен тен, намалена тежина, наполнети батерии со енергија.
Но сепак, дали сето тоа е вистина?
Нема никакви сомнежи околу тоа дека интегралниот леб, како и од пецивата од ‘рж и овес се многу корисни за организмот. Затоа не е никакво чудо што човекот може доста долго да преживее само консумирајќи црн леб и вода. Меѓутоа, со белиот леб е сосема поинаква приказната. Сето тоа е поради тоа што брашното почнало индустриски да се произведува во 20 век и неговиот квалитет значително се намалил. Затоа ви препорачуваме да го изоставите од исхраната лебот што се прави од бело брашно. А ќе ви објасниме и зошто.
Причина број 1: Бескорисен производ
Пченичното зрно во почетокот е многу богато со витамини, но при процесот на преработка на зрното и неговото претворање во брашно сите негови корисни својства едноставно исчезнуваат. Потполно преработеното бело брашно содржи само околу 30% корисни супстанци, кои по две недели престануваат да бидат активни.
Причина број 2: Отсуство на вкус
Признајте дека белиот леб нема вкус. А всушност, затоа многумина и го обожаваат. Не им пречи да го почувствуваат вкусот на другите намирници кои ги јадат заедно со него – месо, супи, сирење. Меѓутоа, белиот леб не ги ни подобрува, како што е случај со производите од интегралното брашно.
Причина број 3: Токсичност
Раснењето на пченицата во современиот свет достигнало огромни размери. Со цел побрзо да израснат, но и да ги има во што поголем број, таа е полна со пестициди. За да можат да се решат од разно-разните штетници, производителите ја третираат со разни хемиски препарати, но во глобала е битно она што ги чека понатаму во текот на производството.
За да биде брашното бело, производителите користат исти супстанци за избелување кои ние ги користиме за перење: бензоил пероксид, натриум и калциум пиросулфат, како и хлор диоксид. Затоа секогаш треба да се утврди од какво брашно е направен лебот: рафинирано или органско. Рафираното брашно е она кое го изминува погоренапишаниот пат.
Причина број 4: Осип на кожата
Ние сме тоа што го јадеме. Ако во исхраната воведете разни видови производи од брашно, тоа сигурно ќе се одрази врз вашата кожа. Осипот на кожата е најчестиот резултат на глутен (пченичен композитен протеин) кој се наоѓа во лебот.
Практично, глутенот не се излачува од организмот и се таложи врз цревните ѕидови, така што со текот на времето ја нарушува функцијата на апсорбирање на корисните материи. И затоа, пред да одите повторно кај козметичарот, размислете околу својата исхрана.
Причина број 5: Проблеми со варењето
За ова повторно ќе го „обвиниме“ глутенот кој го нарушува интегритетот на ќелиите во цревата и со тоа предизвикува бројни проблеми кај системот за варење. Лебот направен од целото зрно содржи елемент кој е многу важен за чоечкиот организам – целуоза. А неа во производите од „висококвалитетното брашно“ практично ја нема.
Само 5-6 парчиња интегрален леб во денот се доволни за да ви ја обезбеди дневната потреба за целуоза. Ако сакате да ја задоволите таа потреба консумирајќи овошје и зеленчук, тогаш морате да изедете 14 јаболка или 21 морков или 25 домати или 2,3 кг краставици.
Причина број 6: Предвремено стареење
Сосема е јасно дека целиот состав на белиот леб е само празна храна, всушност тој е само производ сосема лишен од хранливите материи. Кога живеете на храна во која ги нема потребните витамини, нашиот организам не може да одржи свежина и младост. Заради тоа, љубителите на тестото обично изгледаат постари од она што се.
Причина број 7: Зависност
Многу е лесно да се стекнете со зависност од белиот леб. Белото брашно застрашувачки брзо ослободува шеќер во крвотокот, а последицата од тоа е ослободувањето на хормонот инсулин.
Ако сте забележале нагли промени во нивото на шеќер во крвта, како нагло пораснување на нивото по изедено парче пециво и потоа негово брзо опаѓање, тогаш дефитивно сте во ризик од дијабетес. Бидејќи наглите скокови на нивото на шеќер во крвта можат да доведат до таа состојба.
Причина број 8: Прекумерна тежина и дебелина
На многумина оваа причина им е доволна и пресудна за да се откажат од пецивата. Повеќе од 70% луѓе кои сосема го исфрлиле лебот од исхраната во првите две недели по тоа изгубиле на тежина. Сто грама бело брашно содржи само 0,6 грама целуоза, а остатокот на неговиот состав се таложи во бутовите и стомакот, во форма на масни наслаги.
Лебот има поголем глихемиски индекс отколку една табла чоколадо, а скробот што се наоѓа во пекарските производи брзо се разложува во дигестивниот тракт и влегува во крвотокот како гликоза. Сето тоа значи дека повторно ќе почувствувате глад.
Бидете внимателни и секогаш внимателно проучувајте го составот на производите кои ги купувате.
Дали сте спремни да се откажете од белиот леб?