Еве што најпрвин треба да направите ако се најдете во таква ситуација.
Веднаш повикајте итна помош
Потребна ви е итна медицинска помош ако сте склони на алергични реакции или ако имате некои од овие симптоми по убодот: вртоглавицата, отечен јазик, исип на кожата, тешко дишење.
Отстранување на осилото
Пчелите го оставаат своето осило по убодот. Најефикасен начин да ја извадите боцката е со користење пинцета. Но мора да бидете многу внимателни кога тоа го правите.
Не заборавајте да го измиете местото на убодот пред да почнете да го вадите осилото. Не обидувајте се да ја истиснете, на тој начин нема да ја извадите.
Направите ладна облога
Воспалувањата и отоците по боцнувањето се неизбежни, но можете да ги ублажите со ставање ладена облога на тоа место. Најдобро би било да ставите лед замотан во чиста ткаенина или некој метален предмет, кој исто така може да го намали отокот.
Потоа можете да направите густа паста од прашок за печиво (или сода бикарбона) и вода и да ја нанесете на болното место. За истата цел може да користите мед или паста за заби и да ја нанесете на местото на убодот и да го покриете со газа.
Земете лек
Аналгетиците и антихистаминиците се неопходни за отстранување на неудобноста и намалувањето на алергиските реакции. Но, секој лек треба да се зема строго следејќи ги упатствата, но аналгетиците не би требало да им ги давате на малите деца.