Што сè можете да исчистите со пастата за заби

Пастата за заби можете да ја искористите за чистење во домот. Таа е одличен сојузник во борбата против нечистотиите. Што сè можете да исчистите со пастата за заби?

Површини од хром 

Славините во тоалетот и кујната ќе заблескаат со стариот сјај ако ги исчистите со малку паста за заби, и потоа ги поминете со мека крпа додека не добијат совршен сјај.

Сребро 

Нанесете малку паста за заби на крпа. Со неа истријте го накитот од сребро, а потоа измијте го со вода и избришете го со сува крпа. На тој начин ќе му го вратите стариот сјај на среброто и тоа ќе изгледа како ново! На ист начин можете да ја чистите и бижутеријата.

Патики

Ако на белите патики имате дамки од трева кои не можете да ги отстраните, нанесете паста на четката и истријте ја дамката. Потоа исперете. Или, измешајте малку паста за заби, сода бикарбона и вода, па добиената мешавина истријте ја на површината на платенените патики. Оставете да отстои, исперете и оставете да се исушат на сонце. Со парче памук на кој ќе нанесете паста лесно ќе ги отстраните дамките на кожените обувки.

Бебешки садови

По одредено време бебешките шишенца попримаат мирис од млеко. За да го отстраните, нанесете малку паста за заби на четката и истријте го шишенцето, а потоа исплакнете. Непријатниот мирис ќе исчезне.

Ѕидови

За да ги отстраните трагите од пенкала или фломастери од ѕидовите, нанесете малку паста за заби и истријте ги.

Scroll to Top