Шведска се соочува со недостиг на сперма за вештачко оплодување, зашто нема донори во пандемијата

Откако потенцијалните донори почнаа да ги избегнуваат болниците, поради пандемијата со коронавирусот, Швеѓаните се соочуваат со актутен недостиг на сперма за асистирана бременост.
Оплодувањето сега е запрено во голем дел од земјата, пренесуваат медиумите.
Остануваме без сперма. Никогаш не сме имале толку малку донори како изминатата година“, изјави Ан Турин Кјелберг, шефицата на одделот за репродукција во Универзитетската болница во Гетеборг.
Лекарите кои се запознати со ваквиот проблем, велат дека сега третманот за асистирана бременост е продолжен од шест на 30 месеци.
Стресно е, зашто не знаеме кога точно ќе одиме на третман“, вели 28-годишната наставничка по математика Елин Бергстен.

Пред две години, Бергстен и нејзиниот партнер дознале дека нема да можат да добијат дете по природен пат, па се пријавиле за асистирана бременост. Таа требала да го почне вториот циклус на оплодување кога третманот бил откажан на неодредено време поради недостиг на сперма.

Тоа е национален феномен. Недостиг има во Гетеборг и Малме, а наскоро ќе има и во Стокхолм“, вели Кјелберг.

Приватните клиники го надминуваат проблемот така што купуваат сперма од странство, но еден третман таму чини речиси 12.000 долари, што е недостапно за многумина. Во јавното здравство, третманите за асистирана бременост се бесплатни.

Скандинавските земји и Белгија ја имаат највисоката стапка на вештачко оплодување на милион жители на светот, според Европската асоцијација за човечка репродукција и ембриологија.

Scroll to Top