Силен топлотен бран ја зафати Европа, во Бордо измерени 41 степени

Краток, но силен топлотен бран го зафати во вторникот северозападниот дел на Европа предизвикувајќи страв од суша кај жителите. Рекордната температура е измерена во францускиот гард Бордо, 41,2 степени.

Температурите во наредните денови ќе продолжат да растат низ цела Западна Европа, а в петок ќе почне да се намалуваат, предвидуваат метеоролозите.

Властите во Париз го активирале третиот од четирите степени за план од одбрана од екстремни температури, кои предвидува отворање сали за освежување во јавните објекти и поставување привремени јавни чешми и распрскувачи. Исто така, преземени се низа мерки за постарите граѓани.

Властите во Франција велат дека постарите се најголемите жртви од големите горештини. Од 2003 година само во Франција починале речиси 15.000 луѓе од жешкото време.

Слични мерки се спроведени и во други европски градови. Во Белгија предупредувањата на силна жед се однесуваат на сите делови во земјата, освен покрај брегот. Истите на сила ќе траат до петок на полноќ. Се очекува температурата да ги достигне рекордните 38,8 степени, кои се забележани на 27 јуни 1947 година.

Во Западна Фландрија гувернерот издал забрана за пушење и палење оган на отворено поради опасноста од пожар. Во Германија температурата се искачила до 41 степен во околината на Келн.

Токсичната комбинација од влажна топлина и полен може да биде многу опасна за 5,4 милиони луѓе во Велика Британија, кои боледуваат од астма. Овој топлотен бран, втор за помалку од месец дена, по оној на крајот на јуни, го зголеми стравот од екстремни суши во идниот период.

 
Scroll to Top