Силвио Берлускони позитивен на корона

Поранешниот премиер на Италија, Силвио Берлускони, е позитивен на корона, соопштија вчеравечер од неговиот кабинет. 83-годишниот Берлускони е во својот дом во изолација и работата ќе ја продолжи од таму пред претстојните избори во Италија.

Берлускони нема никави симптоми, и според докторите се чувствува добро, но останува во изолација. Тој правел тест за Ковид-19 и минатиот месец, но тогаш бил негативен.

Италијанскиот медиумски магнат беше премиер на земјата во четири влади, од 1994 до 2011 година. Тој е сопственик и на фудбалскиот клуб “Милан”. Во 2018 година списанието “Форбс” го рангираше на 190. место по богатство во светот, со заработка од шест милијарди долари.

Scroll to Top