„Син ми не ми верува дека Роналдо ме молеше за храна“, раскажа готвачката која го хранела фудбалерот

Паула Лека e поранешна готвачка во ресторан на Мекдоналдс ја прифати поканата за вечера, која Кристијано Роналдо јавно ја испрати до сите жени кои му помогнале во детството.

Фудбалерот во интервјуто со Пирс Морган, раскажа за спомените од детството и ги спомена жените кои работеле во ресторанот за брза храна и кои му давале сендвичи заедно со останатите деца кои чекале пред ресторанот.

Паула кога слушнала за поканата веднаш прифатила средба со Роналдо. Таа за португалските медиуми изјавила  дека Роналдо имал тешко детство и понекогаш се случувало да нема пари за храна.

Често фудбалерот ќе ја замолел да му даде сендвич. Паула вели дека секоја вечер раздавала храна на многу сиромашните деца во Лисабон, меѓу кои бил и Роналдо.

„Ќе дојдеа пред ресторанот ѝ чекаа сендвичи. Од менаџерот имавме дозвола да ги дадеме сендвичите кои ни остануваа преку денот. Меѓу децата беше ѝ Роналдо. Беше исплашен, но секојпат доаѓаше“, раскажаува Паула.

„И понатаму се смеам кога ќе се сетам на него. Син ми мисли дека го лажам кога ќе му раскажувам дека јас бев таа која му давав сендвичи на сега најдобриот фудбалер во светот. И мојот сопруг се сеќава на него“, вели Паула.

Фудбалерот во емисијата кажал дека го запомнил името на една од жените кои му помогнале. Португалецот вели дека девојка по име Една, секоја вечер на дечињата од Лисабон им давала хамбургери од „Мекдоналс“.

Роналдо ги охрабрил сите жени да му се јават. Фудбалерот сака да им се одолжи и да ги угости во ресторан во Торино. Играот на Јувентус има желба да биде заедно со жените кои му помогнале да гледаат фудбал и да вечераат.

Scroll to Top