Син на милијардер осуден за убиство, адвокатите бараат смртна казна

Блејк Лејбел, син на канадски милијадер, е осуден за брутално убиство на својата девојка Иана Касиа, што го извршил во мај 2016 година. Судот го прогласил 37-годишниот Лејбел виновен за убиство и сакатење на телото на девојката која неколку недели претходно му родила дете. Тој може да добие казна доживотен затвор без можност за помилување, а обвинителството бара да се осуди на смртна казна.

Лејбел неколку години пред убиството го направил стрипот „Синдром“, а главниот лик брутално ги убивал своите жртви. Самиот Лејбел ја убивал својата 30-годишна девојка според приказната во стрипот, сакател делови од нејиното тело и додека таа трпела огромна болка, ја одржувал во живот. Полицијата го нашла голото осакатено тело на Иана во стан во Холивуд откако нејзината мајка ја пријавила за исчезната. Лејбел стоел покрај неа кога полицијата дошла во станот.

Убиството предизвика големо внимание и во Канада, оти таткото на убиецот е поранешен Олимпиец. Тој по завршувањето на спортската кариера заработил огромно богатство во бизнисот со недвижности.

Scroll to Top