„Синеплекс“ денеска ги отвора киносалите по шест месеци пауза

By

По шест и пол месеци пауза, „Синеплекс“ денес ќе ги отвори киносалите со  премиерата на филмот „Тенат“. Оттаму велат дека ќе работат само со 30% од целиот капацитет, согласно протоколите за организирање настани на затворено, а за да го заштитат здравјето на вработените и посетителите.

Во текот на претставите во киносалите ќе мора да се носи заштитна маска, но и да се одржува растојание од еден и пол метар и при влезот и при купувањето влезници. Купувањето билети ќе биде со платежни картички, а посетителите ќе треба да се регистрираат пред да влезат во салата.

„Синеплекс“ престана со проекции на 11 март.

Ќе ви се допадне