Синот на норвешката принцеза се вљуби во плејбој-зајачица

Маријус Борг Хјбиј, 21-годишниот син на норвешката принцеза Мете, се вљубил во плејбој-зајачицата Џилијен Снекстед.

Маријус и Џилијен се запознале пред околу една година, кога Маријус заминал на студии во Калифорнија. Според „Дејли меил“ тие по кусо време почнале врска, а од неодамна живеат заедно во Лондон.

Џулијен е модел и таа во својата кариера се сликала и за магазинот „Плејбој“. Според „Дејли меил“, токму тоа е причината што норвешкото кралско семејство не е задоволно од изборот на Маријус. Маријус е најстариот син на принцезата Мете, дете од нејзиниот прв брак. По разводот, таа се запознала со норвешкиот принц и се венчале 2001 година, кога Маријус имал четири години.

Scroll to Top