Синот на Роберт Редфорд почина од рак

Џејмс Редфорд, синот на холивудскиот актер Роберт Редфорд, почина од рак, објави неговата сопруга Кајли на „Твитер“. Таа сподели заеднички слики со Џејмс и нивните деца Дилан и Лена и се прости од двојот сопруг.

„Џејми почина денеска. Ние сме скршени. Тој живееше прекрасен и значаен живот и сите го сакаа. Како твоја сопруга, среќна сум што поминавме заедно прекрасни 32 години и што ти родив две деца. Многу ќе ни недостасуваш“, напиша таа.

За смртта на Џејмс се огласија и од непрофитната организација „Фондацијата за спречување на рак на пожарникарите во Сан Франциско“ од каде порачаа дека пожарникарите загубиле уште еден голем сојузник

„Џејми Редфорд нè напушти откако боледуваше од рак. Тој беше вистински филантроп, длабоко загрижен за здравјето и безбедноста на пожарникарите и зачувувањето на нашето опкружување. Џејми го нема, но неговото наследство ќе живее во големите дела што ги создаде. Нека почива во мир и семејството Редфорд нека пронајде мир“, стои во нивната порака.

Редфорд стапи во контакт со Фондацијата за време на неговиот документарец Toxic Hot Seat, кој го сними заедно со продуцентот Кирби Вокер. Филмот ја разгледува употребата на канцерогени забавувачи на пламенот и ефектите врз зголемената стапка на рак кај пожарникарите.

 

Scroll to Top