Сите имаме канцер, само кај некои се развива, а кај некои не

Треба да разбереме како ракот функционира. Микроскопските тумори постојано се јавуваат во здравиот организам, но не се опасни сè додека не пораснат.

Еве како може да се спречи нивниот понатамошен развој:

Интересна теорија за тоа како функционира најопасната болест на денешницата.

Сите луѓе во текот на животот добиваат микротумор, но кај некои луѓе истиот се развива.

Докторот по интерна медицина од Кембриџ, Вилијам Ли, веќе со години се занимава со испитување на ангиогенезата, растот на крвните садови и капилари, пишува Family.rs.

Без крвните садови, туморот не би можел да се развива, но прашање е како да се спречи неговиот понатамошен раст. Доктор Ли вели дека решението не може да биде во скапите лекови, туку само малку подобро запознавање со она што ни го нуди зелениот пазар.

Туморот не треба да го храниме

Доктор Ли е многу објективен и не ги заговара тврдењата дека малигните клетки лесно можат да бидат уништени. Туморот не може тукутака да се излечи. Потребна е операција. Но, она што може да се направи е да не го храниме туморот додека сè уште е во фаза на формирање, и така ќе ја спречиме аниогенезата.

За да разбереме за што станува збор, треба да сфатиме како туморот функционира. Микроскопските тумори постојано се јавуваат во здравиот организам. Аутопсијата покажува дека 40% од здравите жени на старост меѓу 40 години и 50 години имаат микроскопски рак на дојката, додека 50% од мажите на 50-годишна и 60-годишна возраст имаат тумор на простатата. Според предвидувањата на доктор Ли, 100 проценти од нас до 70. година ќе имаат микроскопски карцином во тиродната жлезда.

Добрата вест е дека овие микроскопски карциноми не претставуваат некаква опасност сè додека не пораснат. А за да пораснат и да се рашират, неопходен е доток на крв и кислород, нешто што го добиваат од крвните садови и капилари.

Лошата вест е дека карциномот го потикнува развивањето на крвните садови околу себе и доаѓа до забрзана ангиогенеза, па туморот се развива многу побрзо. Интересно е што ова се случува кај сите видови тумор и токму тука би можело да лежи решението за успешно спречување на растот и развојот на карциномот.

 

 

Scroll to Top