Најпопуларните турски актери се приклучија во гаснење на шумските пожари кои ја зафатија Турција. Меѓу нив се Мелиса Асли Памук, Памир Пекин и Ибрахим Челикол кој наголемо помагаат во гаснењето.
Секојдневно се приклучуваат и други познати актери од ТВ сериите.
Тие преку социјалните мрежи повикуваат на глобална помош од останатите земји, бидејќи немаат доволно авиони за гансење на пожарите. Нивните фанови, пак, ги споделуваат нивните видеа и фотографии во знак на благодарност и поддршка за пожртвуваноста.
„Шумските пожари се глобална закана исто како и пандемијата од коронавирусот. Целиот свет во моментов се соочува со овој предизвик, кој е како терористичка закана“, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во едно телевизиско интервју.
Претседателот на Турција рече дека во последните девет дена избувнале 187 пожари во Турција, од кои 15 сè уште не се изгаснати. Тој додаде дека вкупно 51 хеликоптер и 20 авиони биле ангажирани во гаснење на пожарите ширум земјата.
Според официјалните податоци, најмалку осум лица ги загубиле животите во пожарите во јужна и југозападна Турција од 28 јули, а над 400 се повредени.
„Ние сме решени да го вратиме зеленилото на пожарите на уништената област со пошумување“, рече Ердоган.