Сите секс сцени во „Сексот и градот“ се вистински, откри Миранда

Синтија Никсон, која ја глумеше Миранда Хобс во серијата „Сексот и градот“ вели дека сите секс сцени се темелени на вистинска случка. Во интервју за IMDB Asks таа откри дека сцената со лулашката, но и сите сцени во кревет, не се измислени, туку нешто што на некој од нив веќе му се случило.

„Постоеше правило кое велеше дека во една епизода не смее да се појави ништо што навистина не се случило на некој од екипата или на неговите пријатели. Ако нешто му се случило на пријателот на пријателот тоа едноставно не поминуваше. Потребно беше да станува збор за вистински секс-авантури или чудни ситуации“, вели Синтија.

Синтија во јавноста се смета за една од поискрените актерки, која пред многу години јавно призна дека е лезбејка. Таа во една прилика кажа дека се срами од серијата „Сексот и градот“ бидејќи имало приказни темелени на материјалната љубов, а не на вистинска безусловна љубов.

Scroll to Top