Сите тајни на првата дама на Југославија: Ќе се снима серија за Јованка Броз

Наскоро треба да почне снимањето на серијата „Јованка“, за животот на Јованка Броз, сопругата на Јосип Броз Тито. Серијата ќе се снима во Србија, Русија, Хрватска и Египет, а ќе има 12 епизоди, во две сезони по шест.

Серијата ја подготвува продуцентската куќа „Адреналин“, а сценариото го напишала Милана Влаовиќ Ковачек, пренесува хрватскиот „Вечерњи лист“. Во неа ќе бидат откриени и многу тајни на поранешната прва дама на Југославија.

Според извршната продуцентка, Теа Королија, серијата ќе ја следи приказната за главната хероина од човечки аспект.

Кој ќе ги глуми Јованка и Тито, ќе се знае по пробните снимања, а актери ќе бараат во Словенија, Хрватска и во Србија.

 

Scroll to Top