Сите теории зошто Британците гласаат во четврток

Во Велика Британија денес ќе бидат одржани вонредни парламентарни избори, а на избирачките место треба да излезат 46 милиони избирачи, кои ќе одлучуваат меѓу 3322 кандидати.

Кандидатот со најголем број гласови во секоја изборна единица ќе стане пратеник во Долниот дом на парламентот, а партијата која има просто мнозинство, од 326 места, ќе формира влада.

Специфичноста на изборите во оваа земја е тоа што тие не се одржуваат во недела, туку исклучиво во четврток. Така е веќе 84 години. Во далечната 1935 година, ваквата пракса започна како некој вид традиција, но од 2011 година, со закон е пропишано изборите да се одржуваат во четврток.

Но, законот налага изборите да се одржуваат првиот четврток во мај месец, секоја петта година, па оттука денешното излегување на избирачкото место е преседан. За потсетување, Велика Британија во 1923 година немаше избори во декември, па аналитичарите предупредуваат дека одзивот на избирачи ќе биде помал поради зимата.

Во овој период има голем број празници, но и денот крае пократко. Постојат неколку теории за одржувањето на изборите во четврток. Првата е дека некогаш тоа бил саемски ден во повеќето градови. Граѓаните кои живееле во поодалечните места, можеле истовремено да завршат две работи. Да гласаат, но и да завршат некои работи на саем.

Најлогичната теорија за тоа дека четврток е најдобар ден за гласање е таа за формирањето на владата. За време на викендот истата веднаш можела да се формира, а веќе од понеделник таа почнува со извршување на своите должности. Најинтересна теорија е поврзана со алкохолот.

Некогаш работниците во Велика Британија, платата им се давала во петок, па до наредниот четврток имале сосема доволно време да се пијанчат низ пабовите. По шест дена пиење алкохол, тие на избирачките места ќе доаѓале трезни. За потсетување, предвремените избори се распишани по месечните политички превирања за брегзит.

Утрото по изборите, премиерот на Британија и лидерот на конзервативците Борис Џонсон ќе замине во посета на кралицата Елизабета Втора, каде, зависно од резултатите на изборите, или ќе поднесе оставка, или ќе бара дозвола од неа да формира нова Влада.

Scroll to Top