Скромна свадба за внукот на Грејс Кели и принцот Рение од Монако

Синот на принцезата Стефани од Монако, 26-годишниот Луис Дукре, викендов се ожени со неговата девојка Марија Шевалер.  Младенците имаа две церемонии: граѓанска – во палатата на принцот од Монако, која се одржа во петокот и црковна во катедралата во која во 1956 година се венчаа актерката Грејс Кели и принцот Рение.

И покрај свеченоста во катедралата, француските медиуми пишуваат дека свадбата била скромна и дека на неа присуствувале само блиски роднини и неколку пријатели на двојката.

Scroll to Top