Славниот шеф на ресторани, Салт Бае, навлече гнев кога се дозна дека им дава мала плата на готвачите

Познатиот лондоски шеф на ресторани, Нусрет Гокче, познат и како Салт Бае, објави оглас во кој бара готвач за својот ресторан во Лондон, но со платата што ја понудил налути многумина од фановите. Во огласот навел дека ќе го плаќа 12 фунти на час плус бакшиш.

Ресторанот нуди многу конкурентска плата и одлични можности за развој на глобална кариера, пишува во огласот. Неговата понуда бргу се рашири на социјалните мрежи и налути многумина од неговите фанови. Еден од нив објавил дека саатницата чини колку неговото пире во ресторанот.

„Не разбирам како и понатаму може да ја наплатува толку скапо храната. Подобро би било да го плаќаат готвачот со пире. Тоа нема смисла. Кој знае како се дели бакшишот на крајот. Поевтино е да отидам во неговите ресторани во Турција и таму да јадам отколку да вечерам во ресторанот во Лондон. Мислам дека не се исплати. Едноставно, не работете за Салт Бае“, му напишаа тие.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nusr_et#Saltbae (@nusr_et)

Салт Бае на „Инстаграм“ го следат повеќе од 39,8 милиони луѓе. Тој е сопственик на 17 ресторани, а неговиот необичен начин на солење на местото стана хит на социјалните мрежи во 2017 година. Благодарение на виралните видеа, турскиот месар стана светски позната ѕвезда.

 

 

Scroll to Top