Холандската полиција објави дека пронашла слеп патник меѓу тркалата на авионот кој пристигнал неодамна на аеродромот во Амстердам од Јужна Африка. Летот од Јоханесбург до Амстердам трае речиси 11 часа, а товарниот авион само еднаш попатно застанал во Кенија.
Според полицијата, ова е многу невообичаено.Велат дека особено е чудно што на ваков начин успеал да се преживее патникот и вака долг лет, особено заради студот, но и ниското ниво на кислород на големите височини.
„Возраста и националноста на патникот не се утврдени. Тој е пронајден во просторот за тркала и во болница е превезен во стабилна состојба. Неверојатно е како тој човек е сè уште жив“, рече портпаролката на холандската полиција, Јоана Хелмондс.
Авиопревозникот „Карголукс“ исто така го потврди случајот. Од таму велат дека авионот попатно слетал во Кенија. Засега е нејасно дали мажот се качил во Јоханесбург или во Најроби.
Фото: ДПА