Слика на Пикасо продадена за 103 милиони долари

Сликата „Жената што седи покрај прозорецот“ на Пабло Пикасоко, портрет на неговата млада љубовница од 1932 година, беше продадена на аукција во „Кристи“ за околу 103 милиони долари. Пред наддавањето експертите ја приоценија сликата на шпанскиот уметник на 55 милиони долари.

Последен пат „Жената што седи покрај прозорецот“ беше ставена на аукција во февруари 2013 година. Тогаш сликата беше продадена за околу 38 милиони долари на аукција на „Сотби“ во Лондон, на неименуван колекционер.

Среде бракот со Олга Коклова кој бил бурен и со многу караници, Пикасо се запознал и почнал врска со тогаш 17-годишната Мари-Тереза Валтер. Таа станала инспирација за некои од неговите најбарани скулптури, цртежи и платна. Иако на многу слики од овој период е прикажана гола жена како лежи и одмора, но овој портрет ја отсликува фигурата што е будна и присутна.

Scroll to Top