Словенија прогласена за најчиста земја во светот

Словенија е прогласена за најчиста земја во светот. Таа го доби меѓународното признание за екологија и одржливост и доби најмногу поени во сите категории, исполнувајќи 96 од 100 индикатори за одржливост.

Таа беше највисоко рангирана во категориите како што е грижата за животната средина и климатските промени, културната автентичност и биодиверзитетот.

Според податоците, во Словенија има 20.000 видови животни и растенија кои непречено живеат во 40 национални паркови и резервати. Територијата на оваа европска земја 60 проценти е покриена со зеленило.

Љубљана во 2016 година се здоби со титулата најзелен град во Европа, а таа е на третото место на листата земји со најмногу рециклиран отпад на ОЕЦД, воведувајќи јавни велосипеди, автобуси што користат природен гас и забрана за возење автомобили во центрите на поголемите градови.

Scroll to Top