Случајно си ја проверила е-поштата и дознала дека добила три милиони долари на лото

Американката Лора Спирс открила дека освоила 3 милиони долари на лото откако случајно си ја проверувала е-поштата. Таа барајќи друг мејл во спам фолдерот дознала дека е среќната добитничка.

Лора го купила добитното ливче во „Мега Милионс“ на интернет-страницата на државната лотарија откако видела дека потенцијалната добивка пораснала на стотина милион долари.

„Неколку дена потоа ја пребарував е-поштата и проверував во спам пораките. Тогаш видов дека сум  среќната добитничка. Не можев да верувам, па се логирав на мојата сметка на страницата на лотаријата за да потврдам дека сум таа“, рече Спирс.

Таа откако ќе ги земе парите рече дека ќе се пензионира, а порача и дека во иднина внимателно ќе ги гледа пораките кои ќе и стигнат во спам фолдерот.

„Дефинитивно ја додадов лотаријата во Мичиген на мојот попи на сигурни пораки, во случај уште еднаш да ми се посреќи“, рече Лора.

Ливчињата од лотото на „Мега Милионис“ се продаваат за 2 долари во 45 сојузни држави, а во 2018 година еден добитник во Јужна Каролина освоил рекордни 1,6 милијарди долари.

 

 

Scroll to Top