Директорот за дигитални производи на групацијата „Веон“, Џорџ Хелд, смета дека специјалистите кои вршат моторна работа со документи, како што се сметководителите, наскоро ќе бидат заменети од страна на новите технологии. Тој смета дека постојат професии за кои е потребно посебно знаење и не можат да бидат заменети од роботите, но постојат и онакви кои се лесно заменливи.
„Да ги научиш и замениш луѓето од ‘најниските професии’ со робот е речиси невозможно. Поставувањето маса, уредувањето на приборот за јадење и чашите, од гледна точка на вештачката интелигенција, е многу тешко да се направи. Луѓето со креативни професии кои ја создаваат иднината исто така нема да бидат заменети со роботи. Но, сметководителите, на пример многу брзо ќе бидат потиснати од роботите и ќе треба да се преквалификуваат во некоја од пониските или покреативните професии“, вели Хелд.
Тој истакнува дека ова не треба да го плаши човештвото, бидејќи и покрај развојот на технологијата, луѓето нема да ја загубат својата работа.
„Никогаш нема да дојде до тоа човештвото да нема што да прави. Луѓето секогаш ќе работат нешто, само што ќе се занимаваат со сѐ повеќе и понови технологии“, вели тој.