Полицијата покрена истрага и уапси две момчиња од 23 години и 16 години поради сомнение дека извршиле страшно насилство над животно. Тие се товарат дека до смрт со чекан претепале кученце од 11 месеци, а потоа го ставиле во микробранова печка.
Снимката со мачењето на животното се појавила на сите социјални мрежи, вклучувајќи го и „Снепчет“. Детективите од Северна Ирска ги повикуваат сите кои ја имаат спорната снимка или знаат нешто повеќе да се обратат до полицијата.
„Што и да се случило, очигледно малото куче Спарки претрпело страшна смрт. Ние сакаме да го истражиме случајот до крај и да пронајдеме одговори за ова гнасно дело“, изјави портпаролот на ирската полиција.