Со забава и модерни колекции „Фешн груп“ ги отвори новите продавници во „Ист Гејт Мол“

Со забава и модерни колекции, „Фешн груп“ утрово ги отвори своите продавници во „Ист гејт мол“. Отворањето започна во продавницата на „Окаиди“ во присуство на штитениците на Црвениот крст на Град Скопје. По ова беа отворени и продавниците на „Парфоа“, „Спрингфилд“, „Тимберленд“, „Фешн енд френдс“, „Манго“ и новиот италијански бренд за мажи „Дон Џон“.

„Секоја наша продавница е со нов модерен изглед според светски стандарди затоа претставува и предизвик за секој наш купувач. Сите колекции се внимателно одбрани за да се задоволат вкусовите на модните зависници“, рече на отворањето Јордан Колевски, маркетинг менаџер во компанијата.

„Фешн груп“ најави дека на 10 ноември ќе отвори продавница на уште еден познат светски бренд за шминки, „Кико Милано“.

Scroll to Top