Сода бикарбона е вистинско чудо во градинарството.
Веројатно имате неколку кесички сода бикарбона дома што ви зафаќаат простор и сте ги заборавиле. Ова бело богатство не смее да остане неискористено. Сода бикарбоната со векови се користи при чистење на домот, дезинфекција, за убавина и здравје, но исто така може да се користи и во градината.
1. Сода бикарбона наместо пестициди
За контрола на штетниците, сода бикарбоната е 100 пати поефикасна и подобра од пестицидите. Можете да направите органски спреј со пестициди што може да ги убие инсектите кои ги оштетуваат растенијата, без да им наштети на корисните инсекти, нам и нашата планета.
Измешајте една лажичка сода бикарбона, една третина шолја маслиново масло и една чаша вода. Добро измешајте ја оваа комбинација за добро да се раствори сода бикарбоната, па ставете ја смесата во шише со распрскувач и испрскајте ги растенијата.
Доколку се борите со габични заболувања на растението, прскајте ги со овој раствор на секои два дена додека растението не заздрави. Користете го овој спреј вр рози, винова лоза и грозје кога ќе се појави плодот. За да ги одбиете инсектите, направете спреј од лажица маслиново масло, лажица сода бикарбона и неколку капки течен сапун и сето тоа разредете го во 5 литри вода. Оваа течност прскајте ја еднаш на секои три дена за да спречите инсектите да ја уништат вашата градина.
Ако имате проблем со мравките, можете да ги уништите со комбинација од сода бикарбона, шеќер и оцет. Додадете пет лажички шеќер во прав во сад и измешајте ги со сода бикарбоната. Не користете кристален шеќер, туку само шеќер во прав бидејќи мравките се доволно паметни да ги одвојат зрната сода бикарбона од шеќерот. Комбинацијата на сода бикарбона со шеќер е фатална за нив. За да бидете сигурни дека ќе ги убиете сите мравки, земете јаболков оцет во шише со распрскувач и испрскајте ја патеката на мравките. Ова сигурно ќе ги убие бидејќи оцетот содржи фунгицид кој е смртоносен за мравките.
2. Тестирање на PH вредноста на почвата
Некои растенија се одгледуваат исклучиво во кисела почва, додека други претпочитаат алкална. Затоа, треба да ја знаете PH вредноста на почвата и да одгледувате растенија според неа.
Тестирајте ја почвата со оцет и сода бикарбона: Во неколку чаши соберете земја од различни делови од градината или дворот. Истурете оцет во една чаша со земја. Ако почвата почне да се пени, тоа значи дека вашата почва е алкална. Што значи дека нејзиниот PH е над 7. Ако нема реакција, земете уште еден примерок и прелијте со сода бикарбона и малку вода. Ако почвата почне да се пени, тоа значи дека нејзината PH е под 7, што значи дека имате кисела почва.
3. До поубави цветови со сода бикарбона
За цвеќињата кои растат само во алкална почва, како што се хортензии, бегонии и здравецот, можете да ги поттикнете да цветаат уште подобро со помош на сода бикарбона. Само стопете малку сода бикарбона во вода пред да ја прелиете врз цвеќето. Ако сакате хортензиите да траат подолго во вашата вазна дома, направете го истото. Промешајте сода бикарбона во вода и оваа комбинација истурете ја врз хортензиите, така ќе ја красат вашата куќа со недели.
4. Ги елиминира полжавите
Ако сакате да се ослободите од полжавите во вашата градина, запомнете, не мора да користите хемикалии. Само посипете ги со сода бикарбона и тие ќе умрат. Може да направите и „заштитна патека“ околу растенијата од сода бикарбона така што ќе ја истурите директно врз земјата.
5. Направете го доматот сладок
Намалете ја киселоста на почвата околу доматите со посипување сода бикарбона врз почвата. Ова ќе го направи вашиот домат сладок и полн со вкус.
6. Подмладување на растенијата
Сода бикарбоната има својство на подмладување на растенијата. По третманот со сода бикарбона, цвеќињата ќе цветаат и процветаат како никогаш досега. Доволно е да направите раствор во вода од сода бикарбона и малку морска сол (во пет литри вода растворете една лажица сода бикарбона и една лажица морска сол). Со оваа комбинација наводнувајте растенија, грмушки, жива ограда и сè што сакате да растете и порастете.
7. Убива плевел
Со сода бикарбоната можете да го уништите плевелот што не сакате да ви расте низ куќата. Добро полевајте ги плевелот и потоа прелијте го со многу сода бикарбона. Внимавајте да не го ставите директно врз растенијата што ги сакате, бидејќи може да го испржи растението во коренот.
8. Убива црви на зелка, карфиол или брокула
Измешајте еднакви делови сода бикарбона и брашно и со оваа смеса посипете ја зелката, карфиолот или брокулата. Црвите, кога ќе намирисаат сода бикарбона, ќе умрат истиот ден.
9. Исчистете ги рацете по градинарството
Секој кој работел во градина, знае колку рацете ја апсорбираат земјата и дека нечистотијата е тешко да се отстрани. Сега можете да ги исчистите рацете со сода бикарбона и без напор. Нанесете сода бикарбона врз влажни раце и тријте, пополека ќе видите како исчезнува нечистотијата од порите.