„Сојуз МС-06“ слета на Земјата

Капсулата „Сојуз МС-06“ со тројца космонаути се врати од Меѓународната вселенска станица и слета во Казахстан, околу 146 километри југоисточно од градот Језгазан, изјави денеска неименуван извор од рускиот контролен центар.

Капсулата со руските космонаути Александар Мисуркин и двајцата астронаути на НАСА, Џозеф Албом и Марк  Ваде Хајем, слета во 5.31 часот по московско време.

Рускиот екипаж веќе тргна во потрага по капсулата.

Како што претходно изјавил помошник-командантот на рускиот централен воен дистрикт, Јарослав Рошчупкин, во операцијата на потрагата учествувале околу 250 војници, 12 хеликоптери „мил Ми-8“ со два авиона „антонов ан-12“ и еден „антонов ан-26“.

 

Scroll to Top