Сончево и топло, попладне со локално невреме

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од УМХР. Попладне во западните и југозападните делови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Максималната дневна температура ќе се движи од 29 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје се очекува слично време со температура до 34 степени Целзиусови.

Синоптичарите за следната недела најавуваат мало намалување на температурите. Од вторник очекуваат повремени, локални врнежи од дожд.

Scroll to Top