Ураганот Офелија секој ден сè повеќе се засилува, а во понеделникот стигна и до ирскиот и британскиот брег. Се појави на 30-годишнината од големата бура што се случи во 1987 година во која во Велика Британија настрадаа 20 луѓе, а откорнати беа 15 милиони стебла.
Ураганот покрај разорувањето и смртта, донесе и некои бизарни појави.
Три лица настрадаа вчера во налет на ураганот на северозападот на Ирска.
Жителите на Велика Британија и Ирска, по ударот на ветерот, забележаа црвено небо и сонце, а на некои места на брегот забележано е и торнадо.
ЦРВЕНО НЕБО
Небото и сонцето имаа невообичаена црвена боја, а феноменот се поврзува со бурата Офелија.
Како што објаснува водителот на временската прогноза на Би-би-си, Симон Кинг, бурата донела тропски воздух и прав од Сахара.
Тој смета дека за овој феномен одговорни се и шумските пожари во Португалија и Шпанија.
„Офелија настанала на Азорските Острови каде што имала сила на ураган и додека го следела патот кон север, го повлекла и тропскиот воздух од Сахара“, вели Кинг.
Како што додаде, тоа значи дека со себе ја донела и правта.
„Правта се подигнува во воздухот и се упатува високо во атмосферата“, истакнува Кинг и наведува дека затоа што правта е многу високо, светлоста од сонцето се разложува во повеќе бранови должини, што ја засилува црвената боја на спектарот и поради тоа изгледа црвено во нашите очи.
ТОРНАДО
Твистер или торнадо снимено на западниот брег на Англија во текот на 24-часовните бизарни временски услови. Торнадото можело да се види над покривите од малото село Катон во Ланкашир.
Темен облак се појавил во заднината на сивото небо над ураганот Офелија.
Во едно мало место во Велс морската пена потпомогната со Офелија го покрила целото шеталиште. Оваа супстанција, како што пишуваат британските медиуми, личи на снег, а заврши на тротоарите и блиските автомобили.
Се појавиле и голем број птици што неконтролирано летале, нешто што многумина го протолкувале како знак дека следува нешто страшно.
Ummmm… think they know there’s something big coming? #Ophelia #mondays pic.twitter.com/jz4iCLunlk
— Sarah Kavanagh (@sltlk) 16 October 2017
Видете го видетото: