Сопругата на Џејми Оливер имала спонтан абортус

Сопругата на Џејми Оливер, Џулс Нортон, имала спонтан абортус за време на карантинот. Таа во емисијата Made by Mammas зборуваше за проширување на семејството, а потоа откри дека изгубила три бебиња во последните неколку години.

Џејми и Џулс имаат пет деца. Прашана дали сака да има шесто дете, таа одговорила:

„Да, многу сакам, но од последниот пат кога бев тука имав три спонтани абортуси, па размислувам. Последниот беше пред само три недели, па си мислам ‘Не’. Не знам. Навистина сакам, но морам да направам ментална проверка дали тоа е добра идеја. Исто така и физички, бидејќи имам 45 години. Не ми останува уште долго време, можеби уште една година, а потоа вистински ќе го затворам тоа поглавје, бидејќи сум многу среќна и исполнета во моментов. Ужасно е да посакуваш нешто, а да не можеш да го имаш. Пред неколку дена бев на доктор и ме праша како сум ментално, а јас му одговорив: ‘Па, ова е петти досега’. Имав два пред Ривер, но тие беа многу рано во бременоста. Последните два беа на шест и пол недели, но добро се справувам“, рекла Џулс.

Минатиот месец Џулс и Џејми прославија 20 години во брак.

Scroll to Top