Првиот човек на „Фејсбук“, Марк Цукенберг, сака да лансира нова апликација, која ќе биде слична на онлајн платформата Clubhouse. Тој им дал инструкции на некои од своите софтверски инженери да почнат да работат на апликацијата
Clubhouse е релативно нова апликација, која се појави во 2020 година. Станува збор за платформа за аудиоразговор каде корисник може да стане само оној кој ќе добие повик од некој кој веќе ја користи истата.
Од „Фејсбук“ веќе пристигна информација дека работат на решенија кои на корисниците ќе им понудат нови начини на комуникација. Clubhouse предизвика многу полемики, бидејќи содржината на платформата не е модерирана, односно нема контрола врз тоа што објавуваат корисниците.
Покрај тоа, новата мрежа, меѓу другите, привлече и многу познати личности, па нејзини корисници се и Опра Винфри, Ештон Качер, раперот Дрејк и, секако, Илон Маск.