Совети како да заштедите пари кога го реновирате домот

Кога планирате да го преуредите својот дом, треба да знаете дека изработката на буџетот е основната работа на која треба да се фокусирате. Буџетот ќе ви помогне јасно да дефинирате што сè можете да си дозволите, без непотребно да вложувате, да паднете во долгови или да земете позајмици. На овој начин ќе успеете да ги одредите приоритетите кои ги дефинираат вашите потреби и креативни идеи. Ова се неколку совети како да заштедите пари кога го реновирате домот.

Испланирајте свои проекти

Планирањето на реновирањето на домот е битна ставка која ќе ви заштеди многу време и пари. Пред да дојдат мајсторите и да започне работата, треба да бидете сигурни во своите одлуки. Размислувајте и за ефикасноста на своите проекти.

Доколку го менувате подот во една просторија, знајте дека е поевтино веднаш тоа да го направите и во другата. На тој начин ќе можете да заштедите пари и за материјал и за работна сила.

Искористете го просторот кој веќе го имате

Кога ги реновираме просториите, треба на најдобар начин да го искористиме просторот кој ни е на располагање. На пример, доколку ја реновирате кујната, важно е да смислите какви елементи ви се потребни, колку ќе бидат функционални и на кој начин можете да ја обновите кујната без рушење на ѕидовите и проширување.

Бидете прецизни во договорите

Кога разговарате со дизајнерите, треба да јасно да им кажете колку пари можете да потрошите. Кога се договарате со професионалци, тогаш на состанокот треба да дефинирате точни цени на услугата и материјалот. Барајте детален приказ и прашајте дали постојат подобри и поевтини опции за преуредување доколку цифрата надминува 80% од вкупниот буџет.

Вашата цел е да добиете квалитетна услуга по поволна цена и најверојатно ќе морате да контактирате повеќе фирми и изведувачи на работи.

Размислите за свој стил, не за трендовите

Трендовите се менуваат секоја година и доста е тешко да ги испратиме. Доколку сакате да бидете во склад со најновите трендови, тоа скапо ќе ве чини. Луѓето кои ги следат трендовите, ќе мораат на секои неколку години да ја реновираат кујната или купатилото, како би се прилагодиле на домовите од магазините.

Најдобро е преуредувањето да го прилагодите на сопствениот стил. Дизајнерите советуваат да го искористите мебелот кој веќе го поседувате – можете да го преоблечете.

Не заборавајте на дополнителни трошоци

Експертите за реновирање велат да оставите 20% од вкупниот буџет, затоа што непредвидените трошоци се неминовни, особено за големи проекти. Оставете ги парите на страна, затоа што ненадејните проблеми можат да се јават во текот на реновирањето или градењето. Тие можат да бидат стресни и да чинат повеќе отколку што очекувате.

Реновирањето може да биде тешка задача, но со овие совети ќе успеете да го преуредите домот по своја мерка. Ќе заштедите пари, а ќе го задржите квалитетот.

Scroll to Top