Министерството за култура на Република Србија поднесе барање до УНЕСКО да ја номинира ракијата од слива („шливовица“) на списокот за нематеријално културно наследство. Вицепремиерот и министер за култура и информации, Маја Гојковиќ, во Собранието изјави дека Министерството веќе го поднело барањето до УНЕСКО.
„Денес ја поднесовме нашата кандидатура и се надеваме дека в година ќе можеме да се запишеме на списокот на заштитени брендови на УНЕСКО“, изјави Гојковиќ.
Ракијата од слива треба да се внесе на списокот како „елемент на социјална пракса“ и „знаење поврзано со подготовка и употреба на традиционален пијалак од слива“.
Ракијата од слива произведена во Србија доби потврда за географско потекло од Европската Унија дури во 2016 година и оттогаш е заштитена со името „српска ракија од слива – шливовица“.