Стаклен шатор за двајца во кој ќе се вљубат и оние кои не сакаат кампување

The Ranch Therapy е идеално место за бегство од секојдневниот живот. Тоа е луксузно место за кампување сместено во центарот на Порторико. Куќичките се направени во форма на шатор со стаклени ѕидови кои даваат прекрасен поглед кон планинитe. Има кревет за две лица.

Има и кујна на отворено со сите потребни уреди за подготовка на вкусна храна. Исто така има и надворешна бања, базен, но и модерно џакузи за опуштање. На терасата има лежалки .

Освен тоа, има и кревет за масажа кој морате да го резервирате однапред. Оваа дестинација е многу популарна на Airbnb, a следните слободни места се дури во ноември 2021 година.

Scroll to Top