Сто илјади граѓани учествуваа на маршот за независност на Шкотска

Десетина илјади протестанти маршираа на улиците на Глазгов изминатиот викенд повикувајќи на крај на владеењето на кралицата Елизабета во Шкотска.

Повеќе од 80.000 протестанти учествувале на годинашниот настан со име All Under Ona Banne, кој има цел да постигне независност на Шкотска.

All Under One Banner е опишана како организација за независност чија главна цел е да се маршира во редовни интервали додека Шкотска не биде ослободена. Таа е отворена за сите оние што сакаат да живеат во независна држава.

Координаторот Нил Макаи изјавил дека е убеден дека вториот референдум ќе се случи набргу.

„Очекуваме речиси 40.000 луѓе да се појават на улиците на Глазгов“, изјавил лидерот на протестот.

„Целта е да се зголеми движењето, да се поттикнат да излезат колку е можно повеќе луѓе и да се даде подобра слика за движењето колку што е можно повеќе“, изјавил Нил.

„Што се однесува до нас, ќе има уште еден референдум за независноста пред 2021 година кога ќе се случи брегзит. Подготвени сме и ваквиот настан ќе го повторуваме секоја години во делови на Шкотска“, вели Нил.

Луѓе од целата земја доаѓаат за да присуствуваат на маршот за независност.

„Исто така, доаѓаа луѓе и од Англија, имаме силни англиски Шкотланѓани кои маршираа со нас за независност“, вели Нил.

„Пристигнуваа и од Германија, а доаѓаа граѓани од целиот свет, кои со месеци имале резервирано летови и хотели“, вели Нил.

Исто така, настанот бил проследен со музика и говори на водачите на маршот, кои ги повикувале граѓаните да донесат свои знамиња, транспаренти, шкотски гајди и тапани.

Scroll to Top