Студентка се омажи за 34 години постар маж оти сексот бил одличен

25-годишната Кортни, пред две години се омажила за Вен Торнтон, кој е 34 години постар од неа. Двојката се запознала 2016 година и се венчале неколку месеци потоа. По свадбата Кортни станала баба на неговите три внуци. Во интервју за „Сан“, рекла дека сексот со него е одличен. Додала и дека тој е паметен, забавен, дека ја разбира повеќе од нејзините врсници и дека разликата во години не им пречи за да се сакаат.

„Никогаш не запознав маж на кој не му е до секс. Тоа не престанува по 50 година. Сè функционира и супер ни е како и на другите парови“, рекла таа во интервјуто.

Кортни изјавила дека многу луѓе тврдат дека е со Вен заради пари, но открила дека проблем се другите жени кои отворено му се нафрлаат.

„Бевме во супермаркет и самохрана мајка започна да му зборува дека е навистина убаво што се дружи со својата ќерка, а потоа му го побара бројот од мобилниот“, раскажала таа.

Кортни и Вен живеле во мал град во Џорџија. Тој бил професор во нејзиното училиште, но никогаш не ѝ предавал.

„Пред неколку години тетка ми се пријави на натпревар за Мис, а тој пушташе музика таму. Тој е ‘фаца’ во нашата заедница. Откога се запознавме, неколку пати излеговме на вечера. Го прашав што мисли за тоа нашето пријателство да стане врска, а тој ме праша дали знам колку години има. Одговорив дека тоа воопшто не е важно и дека ме привлекува. Ми се допаѓаа неговиот шарм и личност“, рекла Кортни.

Се венчале пред 20 луѓе, а на свадбата присуствувале и нејзините родители. Тие и нејзините пријатели го поддржуваат бракот со Вен, но Кортни открила дека неговото семејството не е воодушевено што се заедно.

„Се надевам дека со време ќе прифатат“, додала таа.

Scroll to Top