Колку често ви се случило да го потрошите омилениот парфем а ви било, некако, жал да го фрлите шишенцето во кое се наоѓал? Знаете што? Не морате да го фрлате, затоа што можете да го искористите на одличен начин.
Наместо да го фрлате шишенцето, ставете го во фиока со облека (фиока со чорапи или долна облека е одличен избор). Мирисот долго се задржува во самото шишенце откако ќе го испразните, а поради тоа вашата облека прекрасно ќе мириса секој пат кога ќе ја облечете.
Секако имајте на ум дека шишенцето мора да биде отворено.