Свадбени трендови што ќе доминираат во 2022 година

By

Ако е точно дека живееме во „нова нормалност“, тогаш сè што некогаш беше нормално сега треба да се промени. Во контекст на свадбите, ова значи дека треба да бидете многу поимагинативни и послободни при изборот на детали, кои воедно отстапуваат од нормите и најдобро ве претставуваат како иден брачен пар.

Дознајте подолу кои трендови се предвидува дека ќе бидат клучни во текот на следната година.

„Излитен шик”

Овој стил веројатно најдобро се опишува како комбинација од рустикалност и старомодност, но на добар начин. Ако сакате ова да биде тема на вашата венчавка, ќе ви бидат потребни детали во тој стил, како што се, на пример: дрвени елементи, полски цвеќиња, винтиџ прибор за јадење и слични парчиња. Дефинитивно можете да најдете инспирација во венчавката на вашата баба, доколку тие фотографии ви се достапни.

Винтиџ мебел со допир на носталгија

Овој тренд се надоврзува на претходниот и нè охрабрува да се фокусираме повеќе на чувствата и емоционалните вредности, отколку да направиме сè да биде совршено. Во таа смисла, слободно додадете „нешто старо“ во декорацијата и создадете специјална, само ваша, лична приказна којашто нема да ја видите никаде на друго место. Покрај тоа, винтиџ парчињата се попопуларни од било кога, не само во декорацијата, туку и во модата и сите други области.

Свадба на отворено

Овој тренд не треба да нè изненадува, бидејќи пандемијата во голема мера го промени текот и значењето на венчавката, па затоа моравме да најдеме начин да се прилагодиме со свадба на отворено. Иако овој тренд нема да одговара на зимските свадби, сепак ако ви се допаѓа идејата да направите венчавка во бајковита градина, планирајте датум кога времето ќе биде доволно убаво и топло за да ги остварите своите намери. Во прилог на редовната декорација која треба да биде во хармонија со околината, не заборавајте на осветлувањето кое значително ќе придонесе во подобрување на атмосферата, особено навечер.

Мали, но впечатливи детали

Ова е уште еден доказ дека помалку е всушност повеќе – во текот на 2022 година ќе се фокусираме на мали детали кои прават значајна разлика во декорацијата, и тоа можат да бидат најразлични нешта, од свеќи и икебана, до куп мали колачи кои ќе ја заменат големата невестинска торта. На тој начин, ќе добиете неочекувано оригинална и интересна свадба.

Метална и темна палета на бои

Иако е стандардно да се прави свадба во светли, пастелни нијанси, овој пат се појавуваат некои нови правила. Иако изгледа чудно, во комбинација со винтиџ тема и рустикални детали, потемната палета на бои изгледа апсолутно совршено и бескрајно елегантно. Во таа смисла, можеби вреди да се преземе овој ризик и, се разбира, не мора да се одлучите за црна, туку за темно сива или виолетова боја, а за поситните детали изберете метални, златни или сребрени тонови.

Тематска свадба

Свадбите со теми се мошне интересна опција, иако двојките ретко се одлучуваат за нив затоа што се малку потешки за организирање. Но, сепак вреди за нив секој вложен напор. Покрај тоа, кога станува збор за темите, следната година ќе бидат популарни оние поврзани кои со патувања, работи што најмногу ни недостасуваа во претходниот период, така што има многу варијации. Ова е уште еден начин да организирате лична венчавка, со тема која ви е блиска и драга.

Зеленило и цвеќиња во смели бои

Трендовите во однос на цветната декорација се исто така нешто посмели и бараат излегување од комфорната зона. Зеленилото е секогаш пожелно, но овој пат освежете го со цвеќиња во потемни и посмели бои кои ќе бидат доволни за да ја извадат целата декорација. Нека биде шарена, весела, оптимистичка, но отмена и елегантна венчавка.

 

 

 

Ќе ви се допадне

Watch Magic Kaito Episode 12

Watch Digimon Adventure tri. Determination Episode Full

Website https://twistmoe.net: Watch Winter Cup Highlights Episode 3 – Winter Cup Highlights -Crossing the Door- twistmoe Episode Full anime streaming

AnimeBee: Chainsaw Maid anime episode Full online free at https://animebee.to watch animes

Beermapping: https://beermapping.com/account/gogoanimebe

Divephotoguide: http://www.divephotoguide.com/user/gogoanimelol