Светот се простува со Рејес, Анри тагува, клубовите жалат

Фудбалскиот свет остана шокиран од веста дека фудбалскиот великан Хозе Антонио Рејес трагично загина во сообраќајна несреќа. Рејес кој во кариерата меѓу останатите клубови настапуваше и за Севиља, Арсенал, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, четири пати ја освојуваше Европската лига.

Вистинскиот фудбалски великан загина вчера и го остави целиот фудбалски свет во жалост. Голем број клубови и фудбалски личности изразија сочувство на социјалните мрежи.

 

Scroll to Top