Светската легенда Пол Калкбренер вечерва го отвара  „Грин бич фестивал“

Вечерва, во 21 часот,започнува најпознатиот фестивал на електронската музика во земјата, „Грин бич“. Ова е 10-јубилејно издание, а журките ќе бидат кај хотелот „Еуротел“ во Струга. По девет незаборавни изданија покрај Охридското Езеро, „Грин бич“ како синоним за најквалитетно електронско доживување кај нас ја продолжува и традицијата на претставување на врвните уметници од светската сцена . Фестивалт ќе го отвори популарниот Пол Калкбренер, а ќе поче во 1.45 часот. Врвниот уметник, кој важи за институција на светската техносцена, гостува прв пат во Македонија, и тоа во рамките на неговата актуелна светска турнеја Parts Of Life, која веќе брои повеќе од 60 настапи во светот.

 

 

 

 

 

Scroll to Top