Таксират се враќа по една година пауза: Македонски бендови и европски ѕвезди на 23. издание на фестивалот

Вечерва во арената „Борис Трајковски“ ќе се одржи 23. издание на фестивалот Таксират. Култни македонски бендови, европски и балкански ѕвезди ќе настапат пред македонската публика по една година пауза.

Фестивалот ќе почне во 20:30 со настапот на легендарната метал група „Санаториум“, за која ова ќе биде прв настап во живо по подолго време, па следуваат „Мизар“ и српскиот рок бенд „Партибрејкерс“. На полноќ ќе почне техно-забавата со диџеј настапите на Ен Клу и Борис Брејча од Германија.

Малата сала е резервирана за трап/хип-хоп, а ќе настапат З++ од Хрватска, Црни Церак од Србија и домашните ѕвезди Бон Праскиза, Јанг Дади, Ајри Скреч и Шорти Пи.

Scroll to Top